Почина најбогатиот кошаркар во светот по Мајкл Џордан

Џуниор Бриџман, поранешниот кошаркар и успешен бизнисмен почина на 71-годишна возраст.

Според информациите на медиумите во САД тој доживеал срцев удар во текот на хуманитарен собир во Луисвил каде што почувствувал болка во градите.

Бриџман оствари солидна кошаркарска кариера и помина 12 сезони во НБА лигата, главно во дресот на Милвоки, каде што го носеше дресот со број 2 и кој по неговото пензионирање беше повлечен од употреба.

Бридгман беше осми во изборот на НБА драфтот во 1975 година и избран од Лос Анџелес Лејкерс, но набрзо беше разменет во Милвоки во замена за Карим Абдул Џабар.

Дресот на Бакси го носеше девет сезони и оствари просек од 13.6 поени по натпревар.

По завршувањето на кариерата, Бриџман изгради импресивен бизнис со вложување во ресторани за брза храна и поседуваше над 450 објекти, подоцна го прошири бизнисот и во други сектори.

Со текот на годините со своето богатство дојде веднаш зад Мајкл Џордан по своето богатство кое беше проценето на 1.4 милијарди долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.