Почина најстарата Американка и четвртата најстара личност на светот

 На Флорида неодамна починала 113-годишната Елси Томсон, најстара Американка и четвртата најстара личност на свето, пренесоа локалните медиуми.Елси Томпсон починала уште н а21-ви март во нејзиниот дом во Клирвотер на Флорида, објави весникот Tampa Bay Times. Родена е на 5-ти април 1899 година во сојузната американска држава Пенсилванија, а на Флорида се доселила во 1971 година заедно со нејзиниот сопруг Роналд Томпсон, поранешен сенатор од Пенсилванија кој починал во 1986 година.Групата за геронтолошки истражувања, којашто собира податоци за најстарите луѓе на светот, ја стави Елси Томсон на четвртото место на листата најстари лица во светот, а во САД на првото место, откако во јануари годинава почина 114-годишната Мами Рирден.Јапонката Мисао Окава, која во март ќе наполни 115 години, е официјално впишана во Гинисовата книга на рекорди како најстара жена во светот. Мисао, како најстарата жена на светот, од страна на Gerontology Research Group беше призната уште во јануари годинава, кога на возраст од навршени 115 години, почина претходната рекордерка, исто така жителка на Јапонија – Кото Окубо.Најстариот жител на Земјата е 115-годишниот Јапонец, Џириуемон Кимура од градот Кјотонго во префектурата. Најстарата личност која кога и да е живеела на Земјата, официјално потврдено, е Французинката Жан Луиз Калман, која почина во 1997 година на возраст од 122 години. Најголем број лица со надминати 100 години се регистрирани во Јапонија (околу 51 илјади) и во САД (околу 53 илјади).
Макфакс На Флорида неодамна починала 113-годишната Елси Томсон, најстара Американка и четвртата најстара личност на свето, пренесоа локалните медиуми

Пронајдете не на следниве мрежи: