Ин Мемориам: Почина Џеј Рамадановски

Српскиот пејач Џеј Рамадановски почина на 56 годишна возраст.
Локалните мердиуми јавуваат дека во неговиот дом пристигнала екипа на Итна помош во обид да го реанимира пејачот, но не успеале во борбата за неговиот живот.
-Одам кон Дорчол, ми се јавија и ми кажаа дека не можат да го разбудат. Сигурно починал, беше во многу лоша здравствена состојба, но не станува збор за коронавирус, изјавил кусо неговиот менаџер за Мондо.рс.
Здравјето на пејачот веќе неколку години било влошено, а во последното интерју истакнал дека никаде не се движи бидејќи Ковид-19 за него би бил погубен.
Џеј Рамадановски е роден во Белград на 26 мај 1964 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.