Соработуваше со големи музички имиња како Марина Тадиќ, Николина Пишек, Сава Перовиќ и многу други, а најголем впечаток му остави Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Во едно интервју тој призна дека уште како дете се гледал себеси како фотограф, но и дека сакал да позира пред објективот, а доказ за тоа се многуте фотографии објавени на неговите социјални мрежи.
Пред нешто помалку од два месеци објави фотографија од болница, под која детално опиша низ што поминал за време на лечењето на тешката болест.
-Пред една година првата капка ми влезе во вените, се сеќавам на тој страв и како гледав како првата терапија минува низ системот и првата капка ми влегува во крвотокот, ги затворив очите и чекав да ја почувствувам реакцијата… поминаа неколку минути и сфатив дека немам некои посебни чувства и реакции, моето лесно тело на почетокот прифати се, денес си го земаат своето и јас сум малку преморен. Уморен сум, една година, 17 хемотерапии кои ме вознемируваат во се, и покрај лудата енергија, сите планови и прифаќање, едноставно сум уморен и нестрплив да одморам од се – напишал меѓу другото Марко.
View this post on Instagram