Актерот Џон Кеподис почина на 83-годишна возраст, непосредно пред Нова година, објавија денеска светските медиуми. Кеподис е најпознат по улогите на грубиот детектив Агуадо во Ејс Вентура: детектив за миленичиња и Кармајна Серуло во серијата Општа болница.Тој почина во понеделникот на 83-годишна возраст, се вели во известувањето на погребната компанија Pizzi Funeral Home, пишува Daily Mail.
John Capodice – actor best known for Ace Ventura and General Hospital roles – passes away at 83 https://t.co/DsHfjXxaNa— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) January 2, 2025
Во соопштението од погребалното претпријатие, тој беше опишан како „посветен сопруг, татко и дедо кој ќе им недостига на сите кои ја имаа привилегијата да го познаваат“.Роден е во Чикаго на Божиќ 1941 година.Актерската кариера ја започна во 1978 година, со улогата во филмот „Rush It“ заедно со Том Беренгер, Џил Ајкенбери и Џон Херд.Кеподис го имаше своето телевизиско деби таа година, со шест епизоди во серијата „Ryan’s Hope“, каде што го играше Лојд Лорд.