Почина Пол Ален, вториот човек на Мајкрософт

На 65 годишна возраст почина американскиот бизнисмен Пол Ален , човекот кој го убедил Бил Гејтс заедно да го основаат гигантот Мајкрософт.
Пол Ален е роден во Сиетл на 21 јауари во 1953 година. Запишал приватно училиште во родниот град и таму се запознал со Бил Гејтс кој бил три години помлад од него, но делел иста страст кон компјутерите. Подоцна Ален го убедил Гејст да се отпише од Харвард за заедно во 1975 година да го основаат Мајкрософт и да го промовираат компјутерскиот јазик „ BASIC“.
На американскиот милијардер во 1982 година му бил дијагностициран проблем на Хаџиковата лимфа. Канцерот успешно му бил излекуван со неколкумесечни терапии. Сепак, Ален потоа не се вратил во Мајкрософт туку се дистанцирал од компанијата. Во 2000 Ален ја напуштил компанијата во која поседува 138 милиони акции.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.