Почина помладиот брат на Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот помлад брат Роберт Трамп почина во саботата вечер, еден ден откако претседателот го посетил во болница во Њујорк.
„Со тешко срце јавувам дека мојот прекрасен брат Роберт мирно замина вечерва. Тој не ми беше само брат, туку и мој најдобар пријател. Многу ќе ми недостасува, но ќе се сретнеме повторно. Сеќавањето за него засекогаш ќе живее во моето срце. Роберт, те сакам. Почивај во мир“, напиша Трамп во изјавата.
Роберт Трамп, градежен изведувач, почина на 72 години. Тој е две години помлад од претседателот.
Причината за смртта не е утврдена. Трамп во петокот им рече на новинарите дека неговиот брат „минува низ тежок период“ поради непозната болест.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.