Денес во Белград во 66-тата година од животот почина поранешниот голман на “Партизан“, Живко Арсиќ. Некогашниот чувар на мрежата беше роден на 13 септември 1953. година, кариерата ја започна во пионерите на Бежанија, афирмацијата ја стекна во ИМТ, од каде во 1970. стигна во Хумска.
За “Партизан“ бранеше до 1974. година, запишувајќи 41 натпревар меѓу стативите, за потоа да премине во ФАП од Прибој. Во својата кариера ги носеше дресовите на “Раднички“ од Крагуевац, “Графичар“ и “Синѓелиќ“.
– Живко, почивај во мир, нека ти е вечна слава, пишува во соопштението на црно-белите.
Погребот на починатиот Арсиќ е во среда на 23 јануари во 12 часот на Новите бежаниски гробишта.