По неколкугодишно болување во 95-тата година од животот почина поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, јави BBC. Мугабе беше на чело на Зимбабве речиси четири децении, прво како премиер, а потоа како претседател. Тој беше водач на движењето за ослободување на Зимбабве од владеењето на белото малцинство.
Мугабе беше симнат од власт за време на воениот удар во ноември 2017-та година. Роден е на 21 февруари 1924-та година во тогашна Родезија.
Последниве месеци неговата здравствена состојба била толку лоша, што тој не можел ниту да оди. Се лекувал во Сингапур, но никогаш не беше соопштено од што боледува.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.