Почина српскиот масовен убиец на 13 луѓе

Масовниот убиец од српското село Велика Иванча во областа Шумадија, Љубиша Богдановиќ, кој во вторникот во мугрите од пиштол уби 13 луѓе, починал во четвртокот околу 14 часот, потврдија од Ургентниот центар во главниот град Белград.

 Шеесетгодишниот Љубиша Богдановиќ по масакрот што го изврши се застрела во главата и минатите два дена беше во кома, а неговата состојба откако беше примен во белградскиот Ургентен центар, беше критично.
Поради тежините лекарите мораа да го оперираат, па беше приклучен на паратии примал само медикаменти.
Во Велика Иванча кај Младеновац, шеесетина километри јужно од Белград, Богдановиќ утрото на 9-ти април го убил својот син, мајката и уште 11 лица, пет мажи , шест жени и едно двегодишно момченце, а тешко ја ранил својата сопруга по што си пукаше во главата.
Неговата сопруга е оперирана и заздравува, но и натаму е во тешка состојба, и доколку преживее ќе биде единственото лице коешто може да помогне да се дознае нешто повеќе за злосторството коешто е незапаметено на поширокиот балкански простор.
Во Србија поради оваа трагедија средата беше прогласена за ден на жалоста, а 13-те жртви ќе бидат закопани во петок на селските гробишта.
Makфакс
Масовниот убиец од српското село Велика Иванча во областа Шумадија, Љубиша Богдановиќ, кој во вторникот во мугрите од

Пронајдете не на следниве мрежи: