Дизајнерот Арт Пол, творец на прочуениот зајак од списанието „Плејбој“, почина викендов на 94-годишна возраст. Смртта е последица од воспаление на белите дробови, соопшти неговата сопруга.
Соработката со основачот на „Плејбој“ Хју Хефнер ја почнал во 1950 година, а Пол бил првиот вработен. Многу одамна тој рече дека за да го создаде логото му требало само половина час.
Во едно интервју, пак, изјави дека ниту тој, ниту Хефнер не мислеле дека списанието од самиот почеток ќе има толкав успех.
Професионалното Здружение на дизајнери во соопштението по повод смртта на Пол, соопшти дека „универзалната препознатливост на ’зајакот‘, дури и без името ’Плејбој‘, е сведоштво за дизајнерските способности на Пол“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.