Роберт Бадентер – француски адвокат и политичар – почина на 95-годишна возраст, пренесува Le Monde. Роберт Бадентер e поранешен социјалистички министер за надворешни работи на Францијa и е роден во 1928 година во Париз. Тој бил и професор по право, претседател на францускиот Уставен совет и сенатор во француското национално Собрание.
Во својата долгогодишна правна и политичка кариера тој првенствено се залагаше за укинување на смртната казна во Франција, што му успеа во 1981 година.
- СДСМ: Власта мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи, СДСМ намалуваше цени на 500 производиСо најавеното замрзнување на маржите на само 73 производи власта… Read more: СДСМ: Власта мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи, СДСМ намалуваше цени на 500 производи
- Камала Харис во август за кампања потрошила три пати повеќе од Доналд ТрампРасходите од минатиот месец во кампањата на американската потпретседателка Камала… Read more: Камала Харис во август за кампања потрошила три пати повеќе од Доналд Трамп
- Просечната плата во Хрватска стигна до 1315 евра или речиси 700 евра повеќе од МакедонијаПросечната јулска нето плата во Хрватска изнесува 1.315 евра, што… Read more: Просечната плата во Хрватска стигна до 1315 евра или речиси 700 евра повеќе од Македонија
- Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има децаБројот на загинати од израелскиот напад врз јужните предградија на… Read more: Расте бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут, меѓу загинатите има деца
- Познат идентитетот на загинатиот на патот Штип-Кочани: Во него удрил 26-годишен кочанчанец со „опел“Денеска (21.09.2024) во ОВР Кочани било пријавено дека околу 08.00… Read more: Познат идентитетот на загинатиот на патот Штип-Кочани: Во него удрил 26-годишен кочанчанец со „опел“
Кога Франсоа Митеран стана претседател во мај истата година, тој го назначи Роберт Бадентер за свој министер за правда. Укинувањето на смртната казна стана приоритет на новата социјалистичка Влада, но тоа наиде на силен отпор во некои кругови. Роберт Бадентер од прва рака беше сведок на ужасната завршница и беше решен да го протурка законот.
Тој исто така беше посветен борец за декриминализација на хомосексуалноста.
Роберт Бадентер претседаваше и со Арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија, која во 1991 година заклучи дека СФРЈ е во процес на распаѓање, врз основа на кој, на 15. јануари 1992 година, земјите од Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаа државната независност на Хрватска и Словенија во постојните граници.
Арбитражната комисија во рамките на Мировната конференција за Југославија, попозната како Бадентерова комисија, беше арбитражна комисија формирана од Советот на министри на Европската економска заедница (ЕЕЗ) на 27. август 1991 година, чија задача беше да промовира мирно разрешување на кризата со решавање на спорни правни прашања во поранешна Југославија.
Роберт Бадентер беше назначен за претседател на петчлената комисија составена од претседатели на уставните судови од земјите-членки на ЕЕЗ.
Според мислењето на комисијата, во заклучокот донесен на 29. ноември 1991 година, СФРЈ се распадна, а границите меѓу поранешните федерални единици беа земени како државни граници на новосоздадените земји, кои не можат насилно да се менуваат.
Оваа одлука ја даде правната основа за признавање на независноста на републиките на поранешна СФРЈ, а врз основа на неа, на 15. јануари 1992 година, земјите од Европската економска заедница (ЕЕЗ) ја признаа државната независност на Хрватска и Словенија во рамките на постојните граници.
Овој еврејски интелектуалец, чиј татко починал во германски концентрационен логор, бил честа мета на напади на француската десница, делумно карактеризирана со антисемитизам, објави медиумската агенција Reuters.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.