Денес во Белград почина легендарниот фудбалер на “Црвена Звезда“, Драгослав Шекуларац, втора најголема ѕвезда по славниот Рајко Митиќ. Веројатно беше еден од најдобрите дриблери на Југославија.
Шекуларац беше постојан член на фудбалската репрезентација на Југославија и нејзин најдобар поединец. Одиграл 41 натпревар и постигнал шест голови за репрезентацијата на Југославија. По инцидент на еден натпревар бил казнет со две години неиграње и со тоа нагло ја прекинал кариерата .