Ана Чикади Кардвел, најстарата ќерка на реалити телевизиската ѕвезда Мама Џун Шенон, починала на 9 декември поради компликации од рак на надбубрежните жлезди во четврт стадиум. Имала само 29 години.
Неутешното семејство ја потврдило тажната вест на социјалните мрежи.
Шенон ја споделила веста преку објава на „Со скршено срце ве известуваме дека Ана Мари повеќе не е со нас. Таа почина спокојно во мојот дом.“
„Страсно се бореше 10 месеци, а почина опкружена со своето семејство.“, соопштила Џун Шенон, додавајќи: „Ќе ве ажурираме со повеќе информации откако ќе ги добиеме денес. Ве сакаме сите и продолжуваме со нашите молитви и мисли за нашето семејство во текот на овој тежок период.“
Нејзината сестра Алана Томсон ака Хани Бу Бу која се прославила благодарение на шоуто „Toddlers & Tiaras“, а подоцна имала и своја реалити серија „Here Comes Honey Boo Boo“ од 2012 до 2017 година, се збогувала од својата сестра.
Алана ѝ оддала почит на својата сестра, пишувајќи на „Инстаграм“: „Навистина не знам што да кажам, бидејќи срцето потполно ми е скршено. Не беше лесно да ја гледам мојата 29-годишна сестра како се бореше изминатава година со оваа ужасна болест. Ана беше борец и сè уште е.
Покрај фотографијата напишала и: „Ова е една објава која посакувам да не морав да ја направам. Синоќа сите ја опкруживме Ана со љубов и ѝ кажавме дека е во ред да си замине. За жал, околу 23:00h Ана го зеде последниот здив.
Таа додала и дека би сакала нејзината сестра борец да можеше да го види нејзиното дипломирање. „Но, знам дека ќе ме бодриш засекогаш на небото“, биле зборовите на Томпсон.
„Сите ќе се погрижиме твоето наследство да живее засекогаш. И ветувам дека секогаш ќе се погрижам да го славиме твојот роденден како никогаш да не си заминала! Небото денес изгледа малку поинаку. Секогаш ќе те сакаме Ана.“
Веста за нејзината смрт ги растажила фановите, особено затоа што Ана била омилениот член на инаку проблематичното семејство, а всушност таа ги одвела Хани Бу Бу, заедно со нивната друга постара сестра од нивната мајка и очувот предатор.
Пред неколку години Ана излегла во јавноста и признала дека нејзиниот очув Марк МекДаниел ја злоставувал кога имала осум години.
Ова признание било само дополнителна причина шоуто да биде откажано, по грозоморните видеа од злоупотреба на деца. Мама Џун наводно знаела за сè, но сепак избрала да се забавува со регистриран педофил.
Да потсетиме, шоуто „Here Comes Honey Boo Boo“ го следело семејството на поранешната натпреварувачка на детските натпревари за убавина, Алана, „Хани Бу Бу“ Томпсон, но шокантното однесување на членовите неретко ги згрозувало гледачите.
Зад Карвел останаа нејзината мајка, ќерките Кејтлин Елизабет и Кајли Медисон и сестрите Лорин, Алана и Џесика.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.