„Почитуваниот другар“ Ким Јонг Ун доби честитки од Вучиќ

„Почитуваниот другар Ким Јонг Ун доби честитки и писма од различни земји по повод 77-годишнината од основањето на Демократска Народна Република Кореја, попозната како Северна Кореја“, објави државната новинска агенција КЦНА.

Според агенцијата, честитки стигнале и од српскиот претседател Александар Вучиќ, како и од генералниот секретар и меѓународен секретар на Комунистичката партија на Србија и генералниот секретар и меѓународен секретар на Централниот комитет на Новата југословенска комунистичка партија.

Честитки стигнале, меѓу другите, објави КЦНА, од вршителот на должноста претседател на Република Унија на Мјанмар, султанот на Брунеј Дарусалам, претседателот на Република Сингапур, емирот на Државата Кувајт, кралот на Кралството Тајланд, емирот на Државата Катар, претседателот на Република Таџикистан, претседателот на Туркменистан, претседателот на Република Азербејџан, султанот на Султанатот Оман, претседателот на Република Индонезија, претседателот на Швајцарската Конфедерација, кралот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска…

Пронајдете не на следниве мрежи: