Попладнево, во Градскиот парк во Скопје, се собраа стотина млади лица за да искажат почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што загинаа 59 лица и околу 200 беа повредени. „Студентски пленум“ беше организатор на настанот, а граѓаните почнаа да пристигнуваат околу 16 часот. Едночасовниот молк започна симболично во 16:59 часот. Насобраните не даваа никакви изјави за медиумите пред почетокот на молкот.
The post Почит на загинатите во Кочани оддадена со едночасовен молк во Скопје appeared first on 365.mk.