Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се членови на Комисијата за уставни прашања како и дополнително пратеници кои не се дел од ова собраниско тело, пред малку влегоа во салата со што комисијата почна со работа.
Со Комисијата за уставни прашања претседава Талат Џафери. Членови на комисијата од власта се Бетиан Китев, Енес Ибрахим, Соња Мираковска, Самка Ибраимоски, Лилјана Поповска, Анета Симеска-Димоска и Татијана Лалчевска. Од опозицијата членови на комисиката се Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Димитар Ставананџија, Нада Ципушева, Дафина Стојаноска, Иван Стоилковиќ, Стојан Миланов и Фадил Зендели и Сурија Рашиди.
На денешната седница на собраниската Комисија за уставни прашања, Предлогот за пристапување кон измени на Уставот што дојде од Владата ќе го образложи премиерот Зоран Заев. По денешната првата седница на Комисијата за уставни прашања, пределог измените на Уставот треба да се разгледуваат и на пленарна седница на Собранието в понеделник.