Почна средбата меѓу Путин и пратеникот на Трамп: Главна тема – Украина

Во Санкт Петербург започна средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф, соопшти прес-службата на Кремљ. Портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков нагласи дека разговорот меѓу двајцата официјални лица ќе се одржи зад затворени врати.
Песков објасни дека средбата меѓу Путин и Виткоф била затворена, и покрај тоа што Кремљ за прв пат објави снимка на која рускиот лидер и американскиот пратеник се ракуваат непосредно пред почетокот на средбата.

“Средбите, се разбира, не беа тајна. Ова е трета посета на Виткоф на нашата земја. Тој двапати дојде во Москва, а денес е во Санкт Петербург. Вообичаено е да се покаже првото ракување. Впрочем, ова не е прв пат да се сретнат. Но, самиот разговор е затворен процес”, нагласи Песков во изјавата за рускиот новинар Павел Зарубин.
Тој додаде дека веднаш откако двајцата функционери се ракувале во присуство на медиумите, почнала нивната средба.
Песков претходно денеска изјави дека можната средба меѓу рускиот претседател и американскиот лидер Доналд Трамп била една од темите на разговорот на Путин со американскиот функционер.

„Средбата е добра можност за нас да му пренесеме на Трамп, преку Виткоф, што се однесува на Русија“, рече портпаролот.
Тој рече и дека средбата меѓу рускиот Путин и Виткоф не е поврзана со резултатите од руско-американските консултации во Истанбул што се одржаа претходниот ден.
Како што беше претходно најавено, Путин и Виткоф ќе разговараат и за различни аспекти за решавање на украинската криза. Точното време на средбата не е прецизирано, но, според Песков, средбата ќе трае онолку колку што му треба на рускиот претседател.
Песков оцени и дека по оваа средба не треба да се очекува драматичен развој.
Претходно, Виткоф разговараше со Кирил Дмитриев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји.
Инаку, ова е трета посета на Виткоф на Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи: