Почна судењето за „Шпанските скали“

Почна судењето за „Шпанските скали“

(фото: Миле Јанакиески и Димитар Димовски)

Десет години потоа „Шпанските скали“ се незиградени и на нивното место Шилегов или како што беше речено некои совесни граѓани поставија трева. Онака без ред, кој како стигнал…

Како и да е, четири атрактивни парцели на на плоштадот „Македонија“ и на кејот на Вардар во времето на Миле Јанакиески и Димитар Димовски (како негов клучен играч во тоа време, се наоѓал на клучни позиции во министерството) беа отуѓени, а до ден денеска не се иградени предвидените објекти и на државата и е нанесена штета. Ова го изјави пред судот обвинителката.

Преземено: како за аферата „Шпион“ и „Глумец“ пишуваа домашните медиуми

Обвинителката Ивана Трајчева прецизно укажа дека токму Миле Јанакиески како министер бил одговорен и надлежен да склучува и потпишува договори со други лица и дека при водењето на постапката имал точен рок за одобрение за градење и за кој треба да се почне и заврши проектот. Тој рок морал да го запази во интерес на државата. И доколку не се гради да побара да го врати земјиштето во државна сопственост.

Во овој предмет обвинети се и Димитар Димовски член на Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ и мошне влијателен играч кај Мицковски, потоа Дејан Митревски претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром, правобранителката Емилија Радојкова, двајца нотари и уште петмина други вработени во Министерството за транспорт и врски, Катастарот на РМ.

ПРЕДЛАГАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И:

Документарен филм за случајот „Шпион“: Осомничените продавале снимки на ЦИА, ФБИ и грчките служби!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.