„Студентскиот протест завршува. Нашите стражари ги соблекоа елеците. Апелираме до граѓаните безбедно да се повлечат“, порачаа на социјалните мрежи.
Десетици илјади луѓе молчеа 15 минути. Меѓутоа, во еден момент се слушна силна бучава и молкот беше прекинат.
Момци со црни качулки се обидуваат да упаднат во Паркот на Пионер, поточно во кампот во кој се наоѓаат „учениците кои сакаат да учат“, пренесуваат српските медиуми.
Во 22 часот пред јавноста ќе се обрати Александар Вучиќ. Најверојатно обраќањето ќе биде преку државната РТС.



