Почнуваат парламентарните избори во Италија

Во недела во Италија започнуваат парламентарните избори, на кои се очекува неизвесност во поглед на тоа дали победникот ќе може да формира стабилна влада која ќе ги спроведува реформите.
Гласањето на кое својот глас ќе може да го дадат повеќе од 50 милиони Италијанци, ќе се одвива два дена, избирачките места ќе бидат отворени во недела во 08 часот а гласањето ќе трае до 22 часот, а потоа избирачките места повторно ќе бидат отворени во понеделник во 07 часот, а ќе бидат затворени во 15 часот. Истовремено ќе се избираат и првите луѓе на двата најголеми и највлијателни региона во земјата, Лацио и Ломбардија.
Италијанскиот национален парламент се состои од две дома: Сенатот за чиј состав се избираат 315 сенатори според гласови, во кој победничкиот бонус од мандатите се доделува според регионите а потребно е да е мине прагот од осум проценти, и Домот на пратениците кој има 630 членови, во кој победникот исто така добива бонус за да може да формира стабилно мнозинство. Притоа, според италијанскиот изборен законик, право да гласаат за сенаторите имаа граѓаните со навршени 25 години, додека за изборите за Домот на пратениците можат да гласаат лица со навршени 18 години. Мандатот на сите членови на парламентот трае пет години.
Изборите за горниот и долниот дом се одвиваат различно. Така, за Домот на пратеници се гласа на национално ниво, односно гласовите се сумираат за секоја партија или коалиција во сите региони на земјата. Партијата или коалицијата којашто ќе освои најмногу гласови го добива тна „мнозински бонус“, што овозможува да се обезбеди апсолутно мнозинство на мандати. Главната разлика во однос на изборите за Сенатот е во тоа што гласањето се спроведува по региони, односно за секој регион е одреден фиксен број мандати. Во Сенатот, како и во Домот на пратениците, побединичката партија добива бонус. 
Според испитувањата на јавните мненија чии резултати е забрането да се објавуваат две седмици пред изборите, најголеми шанси за победа има левичарската коалиција предводена од Демократската партија на Пјерлуиџи Берсани, но според некои прогнози претходно големата 10-процентна разлика во негова полза е намалена на рамниште на дозволената статистичка грешка од страна на десната коалиција на поранешниот премиер Силвио Берлускони, а на третото место е релативно новата политичка сила во Италија, којашто се позиционираше како алтернатива на традиционалните политички елити – Движењето 5 ѕвезди, предводена од познатиот италијански сатиричар и социјален активист Бепе Грило. Центристи предводена од технократскиот премиер во заминување, Марио Монти се на четвртото место.
МакфаксВо недела во Италија започнуваат парламентарните избори, на кои се очекува неизвесност во поглед на тоа дали победнико

Пронајдете не на следниве мрежи: