Почнуваат подготовките: Колку пари им се потребни на средношколците за матурската вечер

Испружи си ги нозете колку ти е долга џергата е добра позната изрека. Уште еден месец до матурските забави, а веќе се прават последните подготовки. Секој сака да изгледа убаво.
Дотерани од глава до пети, со музика и веселење на последната заедничка дружба.
Матурантите подолго време размислуваат како најубаво да изгледаат на прославата. Некои од матурантите смета тдека со малку пари може да се биде модерен и впечатлив.


Освен организираните матурски вечери наредниве денови кафеаните и рестораните ќе бидат резервирани за семејни прослави. Од таму велат дека годинава интересот е ист како и минатите години. Во просек се прават веселби од 40 до 50 гости но има и такви кои прават и поголеми прослави.
Некои матуранти и нивните родители сметаат дека средното училиште треба да да се одбележи со поголема прослава, а некои тоа го паравт дома, скромно, со најблиските, но има и такви кои не даваат важност на овој ден.
Да се направи точна пресметка колку чини матурската прослава е тешко и со сигурност зависи од домашниот буџет. Но според цените на услугите кои најчесто ги бараат матурантите очигледно е дека само за изгледот се трошат повеќе од 50 евра а во некои случаи и повеќе од 1000. Оние пак кои се одлучиле за прослава во ресторан потрошиле и дополнителни 800 до 1000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.