Министерството за здравство (МЗ) информира дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати вкупно 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.
- Трамп подготвува објект за 30.000 мигранти во заливот Гвантанамо
- Вака изгледала Меланија Трамп кога имала само 7 години на модната писта: Уште тогаш можевте да ја видите нејзината единствена харизма (фото)
- Славески: Бојкотот на маркетите е само фолклор, граѓаните да не бараат поголеми плати за да не се подгрева инфлацијата
- Узунов: Знаете колку пари имаме во Развојната банка непотрошени? Многу повеќе од 250 милиони евра!
- Мајката на Кејт Мидлтон на 70 години се соблече во костим за капење и ги остави сите во неверување: Ова е тајната на нејзината „вечна младост“ (фото)
- НАСА потврди дека двајца нејзини астронаути ќе се вратат на Земјата со капсула на „СпејсЕкс“
- Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите сопрузи
- Дете во Германија почина од дифтерија
- Дали треба да останете во пријателски односи со поранешните партнери?
Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку СМС-порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.
Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи:
– Стари лица (над 65 години)
– Лица со хронични заболувања
– Здравствени работници
– Бремени жени
– Децата на возраст од шест месеци до пет години
– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, велат од МЗ.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.