Во петок, со почеток од 10:00, се отвора годинешнава летна сезона во Аква паркот кој работи во рамки на спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје. И годинава Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти и тоа: десет атрактивни тобогани, базен со бранови, бумеранг, детски базен, како и новото детско катче за забава во песок.
Најавено е дека на отворањето ќе настапат диџеите Дела и Боби од “Сити радио“ заедно со диџеј Ампов.
Од годинава новитет е и полудневен билет кој ќе може да го користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови.
Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за уникатни прослави како родендени, момински и ергенски вечери.