Грејната сезона во Скопје започнува денеска и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица.
Како што информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), согласно правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона во Скопје започнува на 15 октомври 2023 година и завршува на 15 април 2024 година, со можност да се продолжи уште 15 дена во зависност од надворешните температури.
- Aко вечерва одите за Халкидики, ќе мора да возите низ центарот на Солун
- Трамп се смеел за костумот на Зеленски во Белата куќа
- Трамп му шепна на Макрон, ама сè се слушна : „Путин сака договор, без разлика колку лудо звучи“
- Демолирани канцелариите на СНС во Белград, Вучиќ стигна на лице место
- Амбасадорот на ЕУ во Србија на средба со Брнабиќ: „Воздржете се од провокативна реторика и дезинформации за протестите“
- Средбата меѓу Трамп и европските лидери е завршена, продолжуваат преговорите во различен формат
- Пет начини да го намалите опаѓањето на косата без лекови или додатоци во исхраната
- Макрон: По трилатералниот состанок ќе биде потребен и четиристран самит во кој ќе учествува и Европа
- Семејна драма во Скопје: Маж пријавил дека бил физички нападнат од сопругата
- Хелен Мирен: Јас сум феминистка, но Џејмс Бонд мора да биде маж
-Сведоци сме дека деновите во овој период од годината се потопли, а и прогнозираните температури што ги добиваме од хидрометеоролошката управа го покажуваат истото. Сепак, грејната сезона започнува на 15 октомври и снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 6:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени Целзиусови. Цената на топлинската енергија останува иста. Нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот Беласица ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Нагласи дека испораката на топлинска енергија ќе се одвива согласно мрежните правила за дистрибуција на топлинската енергија.
РКЕ апелира до сите потрошувачи на регулираниот пазар, односно до институциите и домаќинствата да продолжат со рационално трошење на енергијата исто како во изминатата грејна сезона.
Пронајдете не на следниве мрежи: