Ноќеска во 2 часот времето ќе се смета како да е 3 часот, со што ќе почне летното сметање на времето, кое ќе трае до последниот викенд во октомври.
Од утре подоцна ќе се стемнува и денот ќе трае подолго, но на сметка на тоа, подоцна и ќе се разденува.
Според критичарите, поместувањето на часовникот два пати годишно веќе не е корисна работа. Експертите ја доведуваат во прашање оваа пракса и укажуваат на здравствени ризици по луѓето и на штета на економијата. Според нив поместувањето на часовникот не донесува заштеда на енергија, а претставува значаен здравствен ризик. Промената има драматични ефекти на физичката и ментална функција бидејќи прави збрка во биолошкиот часовник, а на децата и повозрасните им се потребни недели за да се навикнат. Истовремено, за тоа време се бележи зголемен број на сообраќајни несреќи и компликации после хируршки интервенции.
The post Почнува летното сметање на времето appeared first on 365.mk.