Поштата на продажба – се бара или партнер или нов газда

На изложба во Њујорк, во урнатини и остатоци од пожар дома. Централата на, по ново, Поштата на Република Северна Македонија, одзади е со скршени стакла и нереновирана по големиот пожар од јануари 2013-та кој заврши со изгорена документација и со сомнително осигурување. Со лице поштата гледа во стотина метри далечната владина зграда. Оттаму вчера стаса нова информација –одлука за измени во закон за поштенски услуги, но и идеја за продажба на Пошти. Ова е вторпат да се излезе со понуда за продажба на Пошти, првата пред 15-тина години пропадна,а заинтересеран купувач беше канадската пошта. Сега премиерот Заев наброја неколку држави, Австрија, Германија, Полска, Словенија со надеж дека ќе најдат интерес за понудата. За процесот се надлежни вицепремиерот Битиќи, министерот за економија Бектеши и актуелниот директор на Пошти Ејуп Рустеми. Тие се задолжени:
ДА ИНИЦИРААТ ПОДГОТОВКА НА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА ЗА МОЖНОСТИТЕ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА КОМПАНИЈАТА СО ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ИЛИ СО ПРИВАТИЗАЦИЈА ЗА ДА ПРОДОЛЖИ ПРОЦЕСОТ НА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА НА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ ВО ЗЕМЈАТА СОГЛАСНО РЕГУЛАТИВАТА НА ЕУ, СООПШТУВААТ ОД ВЛАДАТА.
Директорот Рустеми претпладнево само ни одговори дека не е запознаен за детали и дека за тоа треба да се обратиме во влада. Заев на новинарско прашање по отварање на фабрика за марихуана во Петровец, рече дека многу државни институции се способни за јавно-приватно партнерство и дека така може да завршат и државните Железници-транспорт, ТЕЦ Неготино, Еурокомпозит, велешка Колска. Пошта сепак прва ќе тргне на несигурниот пат на продажба, идејата е промоворина само два месеци по затворањето на шлатрексиот партнер на Пошти- Еуростандард банка. Најголемиот дел од приходите на Пошта, односно околу една петтина доаѓаат од платниот промет кој сега е замрен по смртта на Еуростандард. Пошта има најголема мрежа на експозитури, поголема од сите банки заедно. Пошта си реди и загуби, во првата половина од годината имале загуба околу 850 илјади евра. Покрај тоа, миленичето на ДУИ, партија чии членови околу 16 години раководат со Пошти, остана позната по големи разбојнички кражби на транспорти на пари, внатрешни измами и сомнителни набавки. Сега ќе треба некој да ја купи или земе под свое и да го реновира и централниот објект.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.