Појадок: Три грешки кои речиси сите ги правиме

Со оглед на важноста која ја има појадокот, не смееме да правиме грешки, туку треба во организамот да ги внесеме најнеопходните намирници.
Еве кои работи треба да ги избегнувате.
Пецива од пекара
Секако дека најлесната опција, кога наутро нема да стигнеме да појадуваме дома, е да купиме пециво од некоја пекара. Меѓутоа, со пецивата не му правиме услуга на нашиот организам. Внесуваме преголема количина на адитиви, соли, масти, шеќери, а нема нутритивни вредности кои ни се неопходни.


Овошни сокови и овошни јогурти
Без оглед што пишува на амбалажата, купените сокови се полни со шеќери и со нив не би требало да го започнуваме денот. Ист е случајот и со овошните јогурти. Можеби се убаво освежување за наутро, но никако не се здраво решение. Наместо соковите и овошните јогурти, за утринско освежување земете свежо овошје.
Калоричен доручек
Големи количини на нездрави маснотии, ќе се претворат во масно ткиво, а нашиот организам нема да ги добие сите витамини, минерали и влакна, кои му се неопходни. Ако сакате јајца за појадок, најдобро би било да ги сварите или да ги искомбинирате со двопек и чај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.