-На 12 октомври 2024 година, во 02:42 часот, во СВР Скопје било пријавено опожарување на патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Н. од Скопје. Од пожарот, кој се случил на улицата „Цветан Димов“, биле зафатени и две други возила – „Опел“ во сопственост на Е.Р. од Скопје и „Тојота“ сопственост на приватна фирма од Скопје, соопшти МВР.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје веднаш реагирала и пожарот бил изгаснат.
Вечерта пак меѓу 10 и 11 октомври пријавено беше дека опожарени се три возила во Аеродром на улицата Венјамин Мачуковски. Прво се запалило возило „рено меган“, сопственост на жител од скопско Ржаничино, додека после се запалиле уште две други возила.
И во двата случаи нема повредени лица.