Не стивнуваат реакциите и денеска за скандалозното интервју кое требаше да биде „кул“ и некој да се промовира во фраер, а друг во „интересен водител“. Дополнително на тоа во јавноста излезе информацијата дека е отворен предмет во ОЈО за силувањето кое беше предмет на отворена изјава и потсмев во онлајн емисијата.
- САД: Одделот на Илон Маск за намалување на државните трошоци бара „револуционери“ со висок коефициент на интелигенција
- ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Намалена видливост поради магла на планинските превои Стража, Маврово, Плетвар и Ѓавато
- Маж со секира тргна кон сопругата
- Наташа Беквалац првпат проговори по смртта на Миодраг Костиќ: Објавила песна посветена на покојниот бизнисмен (ФОТО)
- Путин до Шолц: Москва е подготвена за преговори кои ги почитуваат руските интереси
Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до скопското обвинителство по интервјуто емитувано на 15 февруари, во кое Латас раскажува како на 15-годишна возраст, тој и неколку другари злоставувале девојка која претходно била „шамарана“.
Во интервјуто во еден дел Латас, раскажувајќи за своето прво сексуално искуство кажува дека бил повикан од познаник кој му рекол да „влезе во фичото и да работи“ додека внатре имало „распарталена жена“. Претходно Латас го опишува пријателот како син на полициски моќник во тоа време, кој сакал сите девојки пред сексуалниот чин да ги „шамара“.
„До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки“, изјавија од ОЈО.
Интервјуто предизвика лавина коментари и осуди во јавноста, при што имаше повици до Обвинителството да постапи.