По Велигден ни следува пресврт на времето – еве што најавува УХМР за првата недела од месец мај

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови. Само утре ветерот ќе биде од северозападен правец.
Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Како што најави УХМР денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе биде силен и ќе надминува 70 километри на час. Попладне брзината на ветерот постепено ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.