ПО ВЧЕРАШНОТО ДИВЕЕЊЕ: Приведени 18 навивачи по инцидентите на натпреварот Вардар-Пелистер во Аеродром

Полицијата приведе 18 навивачи по инцидентите во салата „Јане Сандански“ каде имаше дерби во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер. По фрлањето на предмети на теренот, а потоа и судир меѓу групите, известен е и јавен обвинител.

„Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување насилство на спортски натпревари“…

Приведени 18 навивачи по инцидентите на натпреварот Вардар-Пелистер во Аеродром

Натпреварот беше прекинат во 17-тата минута при резултат од 6-6, откако гостински навивачи при влегување во салата „Јане Сандански“ почнаа да фрлаат кон домашните навивачи со пиротехнички средства, на што возвратија навивачите на Вардар, кои влегоа на теренот фрлајќи со шишиња и тврди предмети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.