По гласините дека е во затвор во Виена, се огласи македонската фолкерка

Деновиве во медиумите се прошири вест дека фолк пејачката Сања Цинцева Барби завршила во затвор во Виена.
После физичката пресметка со поранешниот дечко, фудбалерот Мартин Блажевски, повторно се степала со уште еден дечко, овојпат во Виена каде што живее и работи партнерот.
Наводно, фолк пејачката завршила во затвор откако соседите ги пријавиле за нарушување на јавен ред и мир.


Како причина за нивната караница се наведува дека новиот љубовник на пејачката бил оженет.Меѓутоа, пејачката на „Инстаграм стори“ се огласи и ги демантираше овие информации.„По повод на денешното објавување на порталот Либертас“ на неточни информации, измислици, клевети, сакам да ја информирам македонската јавност, моите пријатели, фанови, дел од естрадата и луѓето со кои што соработувам дека јас не се наоѓам во Виена и не сум во никаков затвор. Ова е една голема измислена приказна. По многуте пораки кои денеска ми стигнаа, чувствувам должност да ве известам дека сум во Скопје. Ова апсолутно не е точно“- напиша Сања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.