По вооружениот грабеж на филијала на „Халкбанк АД Скопје“ во Визбегово, се огласија од банката.
-Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица „Јадранска магистрала“ во Визбегово, „Халкбанк АД Скопје“ ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот.
Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката, истакнуваат од таму.