Вчера попладне повеќе лица го нарушиле јавниот ред и мир во угостителски објект на улицата “Рузвелтова“. По инцидентот тројца повредени завршиле во Клинички центар “Мајка Тереза“ и се обезбедени до расчистување на случајот, потврди МВР.
Според пријавеното физичката пресметка настанала помеѓу две лица од една и две од друга страна, а најверојатно е употребен и нож. Неофицијално, еден од повредените е Албин К.