Пејачката Адел (32) постигна договор за развод со нејзиниот поранешен сопруг Симон Конецки (46), пренесува Мирор. Таа достави еден куп пресуди до судот, а сето тоа се случи две години откако двојката јавно објави развод.
Тие имаа сослушување, но официјално нема да се разведат додека судијата не го потпише предлогот. Адел поднесе барање за развод од Симон во септември 2019 година, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина за нивното раскинување. Тогаш и двајцата сакаа старателство над нивниот осумгодишен син Ангел.
Во март минатата година, Симон и Адел потпишаа договор за доверливост на деталите за разводот. Близок извор на парот еднаш за странските медиуми изјави дека тие се посветени на одгледувањето на нивниот син, а нивниот брак пропаднал затоа што тие повеќе наликувале на пријатели отколку на љубовници. Тие сфатија дека нема повеќе романтична љубов.