По две дози вакцина, во Србија примиле над два милиони граѓани

До сега вкупнен број на вакцини против коронавирус во Србија е 4.542.077. Од кои 2.018.797 граѓани ги примиле двете дози.

Српските медиуми јавија дека, вкупниот број на граѓани кои ја примиле првата доза и оние кои ги примиле двете дози е 2.509.502.

Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ – министерката за труд и социјални работи, изјави дека досега се вакцинирани околу 90 проценти од корисниците на установите за социјална заштита и околу 80 проценти од сите вработени во институциите за социјална заштита.

„Тие се покажаа како исклучително одговорни, совесни. Тие покажаа што значи да се грижиш за сопственото здравје и што значи да се грижиш за колективот“, рече Кисиќ-Тепавчевиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: