По две недели пронајден првиот крст кој го фрлаше попот на Водици во Пробиштип откако истиот исчезна

На Богојавление попот во Пробиштип мораше двапати да фрла свет крст во базенот, затоа што првиот исчезна откако беше фрлен.
Вториот крст беше фрлен по 40 минути откако учесниците не можеа да го пронајдат првиот метален крст.
А две недели подоцна крстот конечно беше пронајден во големиот базен на пробиштипскиот Аквапарк.
-Еве го кој вика дека го нема…, стои во постот на Аквапаркот каде се одржуваше фрлањето на крстот на 19 јануари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.