ПО ДОЛГАТА СУДСКА БИТКА, ТАЊА САВИЌ ДОБИ СТАРАТЕЛСТВО НАД ДЕЦАТА

Пејачката Тања Савиќ го доби судскиот спор против сопругот Душан и доби старателство над своите два сина Максим и Ѓорѓе. Таа објави на „Инстаграм“ дека конечно ќе биде заедно со нејзините деца.
„Моите две најголеми љубови. Максим и Ѓорѓе. Залудни беа сите овие 335 дена без вас. Иако бев многу осамена, некако, со вашите насмевки не ми згаснаа во умот. Вашиот глас ми даде надеж. Гласот на моите ангели. Само ние знаеме колку е волшебна таа љубов меѓу нас. Нешто што не може да се опише со зборови. Но, со поглед и насмевка може. Оние моменти кога разбираме и кога не зборуваме немаат цена. Додека цело време се држиме за раце од дома до училиште … Додека лежиме заедно навечер и се смееме на моите смешни измислени бајки . Сето тоа беше прекинато некое време. Животот не е бајка“, напиша Савиќ и објави слика со нејзините синови.
Таа им се заблагодари на сите за укажаната помош и поддршка низ целиот овој период и напиша дека сега е најсреќната мајка во светот.
Претходно пејачката го обвини Душан дека минатата година ги однел децата во Австралија без нејзино знаење и оттогаш таа немала никаков контакт со нив. Потоа таа за медиумите кажа дека ќе оди во Австралија и дека по судски пат ќе си ги бара децата назад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.