Заради дојава дека има бомба во авионот на германската компанија “Луфтханза“ утрово на белградскиот аеродром “Никола Тесла“ дошло до паника, а биле евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот. Како што пренесуваат српските медиуми авионот се подготвувал за лет кон Франкфурт, а на аеродромот веднаш пристигнала контрадиверзиона екипа полицајци.
– Сите одговорни служби, вклучувајќи ги аеродромските услуги, веднаш реагираа во согласност со процедурите за да обезбедат највисоко ниво на безбедност за патниците и авионите, како главен приоритет, се вели во соопштението на аеродромот.
Пронајдете не на следниве мрежи: