недела, 29 ноември 2026
Најново

По дојава за бомба паника на белградскиот аеродром “Никола Тесла“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заради дојава дека има бомба во авионот на германската компанија “Луфтханза“ утрово на белградскиот аеродром “Никола Тесла“ дошло до паника, а биле евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот. Како што пренесуваат српските медиуми авионот се подготвувал за лет кон Франкфурт, а на аеродромот веднаш пристигнала контрадиверзиона екипа полицајци.
– Сите одговорни служби, вклучувајќи ги аеродромските услуги, веднаш реагираа во согласност со процедурите за да обезбедат највисоко ниво на безбедност за патниците и авионите, како главен приоритет, се вели во соопштението на аеродромот.

 

Поврзани вести