ПО ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА УСТАВНИОТ СУД ГИ ПОНИШТИ „ДВОЈАЗИЧНИТЕ ИЗВОДИ“

Фејсбук статус на Апасиев во кој обзнани дека ја срушиле двојазичноста на изводите.

Откако Левица, преку претставка, го оспори Упатството за водење матични книги донесено од Министерство за правда, Уставниот суд одлучи да поведе постапка по истата – со што се застана на патот на желбите на етно-трибалистичката власт за омаловажување и потчинување на нацијата пред сецесионистичките желби на необалистичките партии на албанското малцинство.

ПО ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА УСТАВНИОТ СУД ГИ ПОНИШТИ „ДВОЈАЗИЧНИТЕ ИЗВОДИ“

👉 Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да го поништи ова Упатство, со што одлуката има ретроактивно дејство, односно сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува.

🔴 Министерот за правда, Кренар Лога преку овој акт се обиде да ја протне двојазичноста и графата за „националност“ во новите изводи на родени – спротивно на сите цивилизирани практики и со цел сегрегација на населението во Република Македонија.

📍 Оваа ненародна власт на СДС и ДУИ наместо да работи во интерес на македонската нација, таа постојано презема чекори кои водат кон дополнителна дезинтеграција, со што македонската нација се спушта на ниво на кое се изедначува со етникум.

#Левица и понатаму ќе продолжи во својата борба и определба за зачувување на македонскиот идентитет и држава со користење на сите расположливи средства.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.