По многуте коментари за евровизиската „Proud“ се огласи Тамара и има нешто да каже за возврат

„Proud“, евровизиската песна со која Тамара Тодевска ќе ја претстави Македонија на претстојната Евровизија во месец мај, наиде на доста позитивни реакции од јавноста.
Сепак, не би било нормално да не постојат и такви на кои нема да им се допадне, а не се исклучок ниту оние со брутални навреди на социјалните мрежи, што за изборот на песната, што за изведувачот. Но, доминираат убавите коментари за песната, како и верувањата дека годинава можеби нашата земја ќе има сосема поинакво искуство од досега на евровизиската сцена.
Песната беше објавена за јавноста пред само три дена, односно на 8-ми март, а досега веќе има 500 илјади прегледи на интернет каналот Јутјуб.


Токму поради ова, како и поради убавите коментари кои ги добива како за песната, така и за изведбата, Тамара реши да им се заблагодари на сите преку социјалната мрежа Инстаграм и на својот профил напиша:
„Ви благодарам што ја поддржувате „Proud“. Вашите убави зборови значат цел свет за мене. Секогаш бидете горди на тоа што сте и никогаш не ја сокривајте својата големина. Ве сака Тамара – порача пејачката.


Инаку, „Proud“ e авторско дело на тимот што како потписници на музиката го сочинуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот е дело на Коста Петров.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.