По оваа емотивна исповед многумина се згрозија пред Божиќ: Таткото на Меган Маркл ја моли кралицата за помош

Таткото на Меган Маркл , Томас, во интервју на телевизијата ИТВ побара помош од британската кралица Елизабета II.
Томас Маркл се надева дека кралицата ќе може да помогне за повторно да стапи во контакт со својата ќерка, сопруга на британскиот принц Хари.
,,Исклучително многу би ценел каков било ангажман на кралицата и мислам дека и таа би сакала да се решат семејните проблеми.” , вели Томас и додава:

,,Сите семејства , кралски и сите други еднакви се за време на празниците и треба да бидат заедно”, рече таткото и се пожали дека ќерка му Меган Маркл, војвотката од Сасек, не му испратила ниту божиќна честитка.
Кенсингтонската палата не ги коментираше изјавите на Томас Маркл.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.