По оставката на Коѕијас грчкото МНР ќе го преземе Ципрас за „успешно да го заврши Договорот од Преспа“

Додека новинарската фела и македонската јавност се прашуваа дали е вистина или само шпекулација дека Никос Коѕијас поднел или сакал да поднесе оставка од соседна Грција стигна нова вест.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифати оставката на Никос Коѕијас, министер за надворешни работи и му се заблагодари за неговиот придонес во Владата и за земјата во изминатите 3,5 години, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.
Раководењето со Министерството за надворешни работи ќе го преземе премиерот на Грција „за да помогне со сите сили за успешно завршување на Договорот од Преспа“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.