Своевремено една од најактуелните поп пејачки кај нас, Маја Вукичевиќ (50), по пет години живот во Австралија, се врати во Македонија.Таа гостуваше во емисијата ,,Нешто конкретно” каде раскажа дека веќе се чувствува како натурализирана Австралијанка и се привикнала на тамошниот живот, а откри дека се ,,крчка” нешто ново и на музички план со нејзини пријатели од Австралија, кои се занимавале со музика.Темата на емисијата беа женско-машките односи и рамноправноста, и Маја истакна дека според неа само зрела личност може да одбере зрел партнер и да создадат убава заедница.Детали за животот во Австралија не откри, иако во времето кога се пресели во Сиднеј се шпекулираше дека се омажила за нашинец кој живее таму.На својот профил пак, порача дека за неколку дена пак се враќа во Австралија, дека заминува со измешани чувства, но дека наредниот пат побргу ќе дојде во Македонија.Минатата година таа објави дека нејзиниот син Гораст, кого го доби од првиот брак на 20 години, дошол во Австралија, каде ќе започнел со магистарски студии.Инаку, Вукичевиќ ја започна својата кариера како ТВ презентер, а потоа во 1997 година го имаше своето пејачко деби на фестивалот „Охридски трубадури“, со песната ,,Единствен” на Кире Костов и Огнен Неделковски.Нејзината мајка Милка беше оперска пејачка, па почетокот на музичката кариера на Маја не беше изненадување за оние кои ја познаваа, бидејќи цел живот била опркужена со музика.Нејзиниот атрактивен изглед, интересните видео записи кои ги снимаше со познати режисери како Дејан Миличевиќ, како и соработката со докажани музички имиња, ја направија препознатлив лик на музичката сцена.
Пронајдете не на следниве мрежи: