По полноќна забава на Флорида заразени 16 пријатели со Ковид-19

Група од 16 пријатели, кои ја минале ноќта во бар на Флорида, биле позитивни на тестот на коронавирус, јави Си Ен Ен.
Тие ја предупредуваат американската јавност да биде внимателна и велат дека пандемијата се уште не е завршена, пренесува Си Ен Ен.
Тројца од нив изјавиле за Си-Ен-Ен дека се собрале за да го прослават роденденот на еден пријател.
Ноќниот клуб, што повторно се отвори откако беа олеснети рестриктивните мерки, бил преполн со гости и никој од нив не носел маски, објаснуваат тие.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.