По предупредувањето од Лавров руски Сухои на Крим

Откако шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Украина повторно подготвува провокации руското Министерство за одбрана распореди повеќе од 10 авиони СУ-27 и СУ-30 на Крим. Авионите се испратени, распоредени во воената база Белбек на Крим и таму ќе бидат трајно стационирани. Народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република тврди дека украинските безбедносни сили распоредиле лансирни ракетни системи „Град“ на контакт линијата, а на железничката станица Рубежно пристигна ешалон од пешадиски борбени возила, автомобили и оклопни возила.
– Украинскиот претседател Петро Порошенко планира оружена провокација на границата со Русија, на границата со Крим, во текот на последните десет дена од декември, истакна Лавров, додавајќи дека Русија ќе и одговори на Украина доколку дојде до провокации.
– Ќе зажалат за тоа. Ова е наша држава, наша граница. Нема да му дозволиме да ги брани своите интереси на начин доследен за него и да ги прекрши тие права, рече Лавров.
Тој, исто така, додаде дека Порошенко „планира провокација во координација со своите западни спонзори“.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.