По примерот на пратеничката Даниела Рангелова која претходно поднесе оставка од позицијата претседателка на Унија на жени во партијата и пратеничката Лилјана Затуроска поднела оставка од функцијата генерален секретар на Унија на жени во ВМРО-ДПМНЕ.
“Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата што ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија Унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ќе ја предводи унијата“, пишува пратеничката Затуроска на социјалните мрежи, додавајќи дека стои на располагање во ВМРО-ДПМНЕ и во натамошниот период, таа ќе ги извршува сите одлуки и активности на партијата.