По Светска банка, ММФ, ЕБРД, НБРМ и ЕК со катастрофални проекции за растот на БДП

Никој не верува дека македонската економија може да се опорави, продолжуваат катастрофалните проекции за растот на нашата економија од страна на меѓународни институции. По Светска банка, ЕБРД и ММФ излезе со лоши прогнози за растот на економијата.
Македонија годинава ќе забележи економски раст од 2,1 отсто, прогнозира Европската комисија во есенскиот извештај за економиите на земјите членки на ЕУ и државите кандидати. Во делот кој се однесува на нас се наведува дека економското опоравување на земјата ќе зависи од политичката состојба и нивото на инвестиции. Истовремено во извештајот е планирано јавниот долг да продолжи да расте.
Пред еден месец меѓународниот монетарен фонд ја преполови проекцијата за економскиот раст на земјава годинава од 3.2% на само 1.6%. Ова е убедливо најниската прогноза за раст на Македонија од некоја релевантна меѓународна финансиска институција. Според ММФ, Македонија ќе ја заврши годинава со најнизок економски раст, односно убедливо на дното на Балканот.
Подобри од Македонија се сите – Србија, Албанија и Косово со највисок раст од 4 отсто. Црна Гора ќе оствари раст од 3.7%, Босна и Херцеговина од 3.2%. додека Хрватска очекува економски раст од 2,8 отсто – стои во најновиот есенски извештај на ММФ “Перспективи на светската економија“.
Претходно својата проекција за економскиот раст ја намалија Светска банка и ЕБРД, а исто така корекција за растот на македонската економија од 3,2 на 2,3 проценти направи и Народната банка на Република Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.